Изработка на онлајн продавница — практичен водич.
Продажбата преку интернет веќе не е за големите играчи. Еве што навистина ти треба за да почнеш да продаваш онлајн.
Продажбата преку интернет веќе не е за големите играчи. Еве што навистина ти треба за да почнеш да продаваш онлајн.
Онлајн продавницата е најдиректниот начин да го претвориш интересот во продажба. Наместо клиентот да ти пише порака и да чека одговор, тој нарачува кога сака — и додека спиеш. Но не секој бизнис му треба огромна платформа од старт. Еве како да размислуваш.
Кај SNOVI, изработка на онлајн продавница почнува од €500. Точната цена зависи од бројот на производи, начините на плаќање и дали сакаш дополнителни функции како кодови за попуст или следење на нарачки. Повеќе за цените во нашиот водич за цени.
Честа грешка е да сакаш сè одеднаш. Подобро е да почнеш со твоите најдобри производи, да видиш што се продава, и потоа да растеш. Онлајн продавницата може да се прошири во секое време — важно е да почне да заработува прво.
избегај од просечноста.
Мнозинството купувачи во Македонија нарачуваат од телефон. Затоа секоја продавница што ја градиме прво ја дизајнираме за мобилен и ја тестираме на реални уреди пред објава. Ако кошничката не работи совршено на телефон, губиш пари секој ден.
Продавница без план е само каталог што никој не го гледа. Пред да градиме, дефинираме кому продаваш, зошто да купат токму од тебе и како да те најдат. Тоа е стратегијата што одлучува дали продавницата ќе заработува.
Кажи ни што сакаш да продаваш и добиваш конкретна понуда. Види ги деталите за изработка на веб-страници и продавници.
Од неколку до илјадници. Почнуваме со тоа што ти треба сега и структурата се проширува како што расте асортиманот.
Да. Го поставуваме начинот на плаќање што одговара на твојот бизнис — картички, плаќање при достава или комбинација.
Онлајн продавницата е посложена од презентациска страна, па обично трае малку подолго. Точен рок добиваш по консултацијата.
Следи, пиши или јави — ние се грижиме за останатото.